Поврзете се со нас

Балкан

Мура продаде најмногу билети во својата историја за меч кој ќе се игра без публика

Објавено

на

Словенечкиот прволигаш Мура успеа да продаде над 10.000 влезни билети за натпревар од домашното првенство кој ќе го игра без публика.

Мура викендов ја пречекува екипата на Табор, па продажбата на билетите и нивниот број не е реално во однос на противникот и посебно фактот што нема да има гледачи на трибините.

Одговорот за големата побарувачка е одличниот потег на раководството кое пуштило во продажба 33 различни видови на билети кои ќе имаат колекционерска вредност.

На билетите се искористени ликовите на фудбалерите, членовите на стручниот штаб, целата екипа и други клупски знаменитости, а секој навивач кој ќе собере барем 11 различни билети ќе добие подарок поло маичка и благодарница.

Од словенечкиот клуб велат дека побарувачка за билетите има од цела Европа, откако колекционерите на билети сфатиле дека истите ќе имаат посебна вредност.

Навивачите кои ќе ги соберат сите 33 видови на билети ќе добијат дрес потпишан од сите фудбалери и тренери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни