Европски првенства
Мукаетов прв им ја честиташе победата на македонските репрезентативци
Победата над Данска е една од најголемите во историјата на македонската машка ракометна репрезентација, а уште поголемо задоволство за сите во националниот тим, федерацијата и фановите, прави фактот светскиот шампион падна на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров.
Лазаров како играч-селектор привремено ја одведе нашата селекција до првото место во квалификациската група за ЕП, а најголема штета е што во салата немаше навивачи кои би уживале во овој голем успех.
Веднаш по завршувањето на средбата, победата на ракометарите и стручниот штаб им ја честиташе претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Мукаетов не го криеше задоволството од големиот подвиг и реши лично да ги поздрави нашите репрезентативци, кои сега се многу поблиску до пласман на Европското првенство.
Македонија ја победи Данска со 33:29, во натпревар на кој постојано беше во водство, а во еден момент имаше и осум голови разлика.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…