Поврзете се со нас

Англија

Му пропадна трансферот во Нотингем Форест во последен момент, денеска се пресели во тимот на Алиоски

Објавено

на

Премиерлигашот Нотингем Форест одработи луд трансфер период во кој успеа да доведе дури 21 играч со тоа што таа бројка ќе беше поголема ако во последен момент не пропадна ангажманот на Миши Батшуаји од Челси.

Тој договорен трансфер не се реализираше, но тоа не го спречи Белгиецот да го активира планот Б и денеска да договори преселба во Турција. Имено тој останува во Истанбул со тоа што има мала промена, нема да го носи дресот на Бешикташ туку ќе биде соиграч со Џани Алиоски во Фенербахче.

Напаѓачот со ова ќе го реши клупското прашање, ама дефинитивно направи потег со кој си стекна непријатели во Истанбул со оглед на ривалството меѓу Фенербахче и Бешикташ.

Во минатата кампања даде 14 голови на 42 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни