Шпанија
Мончи откри интересна анегдота од периодот кога му беше соиграч на Марадона
Спортскиот директор на Севилја, Мончи, открил детали за своето пријателство со Диего Марадона, кое датира од периодот кога двајцата го носеа дресот на истиот шпански клуб.
Аргентинецот пристигна во Андалузија во сезоната 1992/93 и тоа по паузата која ја направи поради користење наркотици, а тој бурен период во приватниот живот имаше влијание и врз неговите настапи на теренот.
Мончи како резервен голман на Севилја не настапувал често за својот тим, но вели дека бил воодушевен од талентот на Марадона.
– Диего ми беше близок пријател и беше чест да се дели соблекувалната со него. Се однесуваше со сите на ист начин во соблекувалната и беше наша поддршка, a за мене беше луксуз да уживам во неговите технички квалитети иако тогаш не се наоѓаше во најдобра форма, – изјавил Мончи.
Тој открил и една анегдота, а поради ова уште повеќе го ценел Аргентинецот.
– Диего го забележа мојот часовник при една прошетка, а кога дозна дека не е оригинален, ме покани вонеговиот дом. Кога отидов ми подари „Картие“ часовник и ми рече дека отсега ќе имам убав часовник и веќе нема потреба да носам „фејк“, – открил Мончи.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија19 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)