Европски првенства
Моќната Данска направи пресврт во Келн и закажа спектакуларно финале со Франција
Данска е синоним за врвен ракомет и веќе со години наназад стига до самите завршници на сите натпреварувања, па така ќе биде и на 16-то Европско првенство кое се игра во Германија.
Избраниците на Јакобсен вечерва имаа тешка задача против расположените Германци и многубројната публика во Келн, но иако во воведната фаза на мечот навистина се мачеа, сепак широката клупа им овозможи на Данците да направат пресврт.
Голманот Ландин немаше свој ден и во првиот дел беше една од најслабите алки во данскиот тим, а тоа го натера Јакобсен да направи промена, која заедно со внесувањето во игра на искусниот Хансен се покажа како клучна.
Германија го доби првиот дел со 14:12, но во продолжение квалитетот на Данска исплива на површина, каде посебно брилјираа голманот Нилсен, како и Хансен кој постигна пет погодоци.
Данска без многу потешкотии направи пресврт и покажа моќ како многупати досега, а со психолошката стабилност гостите направија на крајот да имаат мирна завршница и да остварат победа од 29:26.
Со ова, ракометниот свет дојде до завршен чин на Европското првенство и до финале кое беше за многумина очекувано, бидејќи во завршниот чин силите ќе ги одмерат велесилите Данска и Франција.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација17 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства50 минути
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација15 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси