Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинците не успеаја вторпат да ја изненадат Шведска

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денеска доживеа пораз од Шведска во квалификациите за ЕП, со што скандинавската селекција ни возврати за изненадувачкиот пораз на домашен терен од избраниците на селекторот Драган Канатларовски.

Нашите младинци не успеаја да го повторат подвигот од почетокот на квалификациите и денеска беа совладани во Скопје, при што гостите долго имаа минимална предност и истата ја потврдија со втор гол во судиското надополнување.

Проблемите за Македонија стартуваа со црвениот картон на Димитриевски на почетокот на вториот дел, а Шведска најде начин да реализира дваесет минути подоцна преку Росенгрен.

Вилхелмсон во судиското надополнување ги постави конечните 0:2.

Македонија по шест кола останува на шест освоени бодови, додека противникот има четири бода повеќе. Убедливо на првото место е Холандија со 21 бод.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни