Поврзете се со нас

Олимписки игри

Младата ѕвезда на Србија ја скина мрежата со брутално забивање (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија загуби од Италија со 102-95 и остана без пласман на Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Токио.

Србите важеа за фавортите на квалификациксиот турнир кој се играше во Белград, меѓутоа постоеја проблеми во играта и тоа беше очигледно со тоа што најмногу истите ги искористија Италијаните кои без неколку многу важни имиња како Галинари, Белинели, Дивинченцо и Датоме успеаа да обезбедат виза за Јапонија.

Ако е за некоја утеха Србите го имаа најтрактивниот потег на пресметката во Белград, автор на истиот беше младиот Филип Петрушев кој бесот го истури со едно брутално забивање над Фонтекио, забивање при кое ја скина мрежичката од кошот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни