Поврзете се со нас

Светски првенства

Митровиќ: Роналдо може да се лути, ама тоа не беше гол (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Србија се избори за бод во пресметката со Португалија, а за тоа „виновен“ беше Стефан Митровиќ и арбитрите на чело со Дaни Макели.

Имено во самата завршница, последните секунди од судиското продолжение Кристијано Роналдо успеа да ја искористи лошата проценка на голманот Дмитровиќ и да ја испрати топката кон мрежата на домаќините, топката ја мина гол линијата, ама тоа не го забележаа арбитрите затоа што Митровиќ интервенираше и со тоа даде друга слика на ситуацијата.

Ама повторените снимки покажаа дека топката завршила во голот и дека Португалија е оштетена, меѓутоа со оглед на тоа што нема ВАР, ниту гол технологија на крајот сепак мораа да се задоволат со бод, резултат 2-2.

Херојот на Србите, Митровиќ понатаму тврди дека немало погодок, односно дека Кристијано Роналдо не требал да се лути и така бурно да реагира.

-Роналдо има свое видување на ситуацијата, може да биде и лут, ама мислам дека топката не влезе во голот. Ние на крајот сме задоволни од резултатот, освоивме бод. Не сме презадоволни, затоа што сакавме да победиме, -истакна членот на Стразбур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни