Поврзете се со нас

Балкан

Митровиќ ја урна Црна Гора, па ја испочитувал традицијата во соблекувалната (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Александар Митровиќ постигна два гола на клучниот меч кој го играше Србија за пласман на Европско првенство, по кој „орлите“ сега се на само еден бод од турнирот во Германија.

Во директната пресметка со Црна Гора за втората позиција во групата, Србија славеше со 3:1 благодарение на двата погодоци кои ги постигна напаѓачот на Ал Хилал, кој потоа привлече внимание и по крајот на средбата.

Митрогол има своја посебна традиција за јадење пица и пиење пиво по остварени важни победи, а интересно тоа го прави уште во соблекувалната.

Што се однесува до пивото, за вчерашниот меч нема информација дали се почестил со алкохол, но затоа ја испочитувал традицијата со цела пица и пилешки крилца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни