Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто поразени во уште една дерби пресметка со Спортинг, Талески со четворка против Мадеира

Објавено

на

Порто на Никола Митревски загуби уште една битка со Спортинг во оваа сезона, овојпат со 35:32 во рамките на 22. коло во португалскиот шампионат.

Спортинг е нерешлива енегма за Никола и другарите во актуелнава сезона со оглед на тоа што е 3-0 во меѓусебните дуели. Имено „зелено-белите“ беа подобри и во првата лигашка пресметка како и во полуфиналето на Супер Купот.

Ветеранот Митревски имаше солидно издание со осум интервенции или 32 проценти на одбранети удари.

Филип Талески и неговите колеги од Бенфика неочекувано кикснаа на гостувањето кај Мадерира каде одиграа реми со резултат 34:34. Фаворитот водеше со четири разлика на полувреме, меѓутоа домаќините возвратија на ист начин во вторите 30 минути и со тоа останаа непоразени.

Македонскиот репрезентативец беше автор на четири погодоци.

Спортинг со 66 бода е недопорлив на првата позиција, Бенфика е втора со 57 по што следи Порто со 54 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни