Поврзете се со нас

Евролига

Миротиќ и Нејпир му пресудија на Партизан во драмата во Милано

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Играчите на Партизан режираа нова драма во Евролигата, но за жал избраниците на Жељко Обрадовиќ во последно време ги губат тесните натпревари и сега си ја комплицираат работата за пласман во плејофот или плејинот.

Гостувањето кај Олимпија Милано беше тензично и драматично до самата завршница, но на крајот повеќе нерви имаше италијанскиот тим предводен од Никола Миротиќ и Шабаз Нејпир.

Миротиќ како несудено засилување за Партизан ја отвори последната четвртина со 11 поени во низа и најави дека ќе биде клучен за конечниот епилог, иако последниот збор сепак го имаше неговиот соиграч Нејпир.

При резултат 83:83, Нејпир погоди шут за предност од два поени на Олимпија Милано, па иако ПАртизан имаше пет секунди за продолжение, па дури и победа, Ледеј реши да одлучува сам и на крајот топката не ни стигна до обрачот.

Поразот од 85:83 е четврти за Партизан на последните пет меча во Евролигата, по што српскиот великан отпадна од топ 10 поредокот во Евролигата.

Миротиќ со 19 поени беше најефикасен во победничкиот табор, а исто толку постигна и Алекса Аврамовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни