Поврзете се со нас

Лига Европа

Миовски испрати видео порака по вчерашниот блесок, доби неверојатна поддршка од фановите на Абердин

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше одлична вечер на гостувањето на Абердин кај Хакен и го врати својот тим во ситуација да има реални шанси за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Шведскиот клуб имаше водство од 2:0, но на сцена стапи нашиот фудбалер, кој со гол и одлична асистенција го одведе Абердин до израмнување и конечни 2:2 во пресрет на реваншот во Шкотска.

Миовски беше херој на гостинските фанови, па не е изненадување што клубот побарал од него да испрати видео порака до фановите на Абердин по ова европско реми.

Она што импресионира е начинот на кој фановите на шкотскиот клуб изреагираа на видеото, односно коментарите со поддршка и комплименти кои ги доби нашиот репрезентативец.

– Играч на натпреварот според мене.

– Не можам да бидам појасен околу ова. Го сакам Миовски.

– Најдобар натпревар во црвениот дрес досега. Брилијантен, – се дел од коментарите на оригиналниот твит на Абердин.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни