Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски ги стартуваше подготовките без осум стандардни репрезентативци, но со иста цел како и обично (Фото)

Објавено

на

По првиот собир рано денеска, македонските фудбалери ги добија првите совети од Благоја Милевски и на тренинг центарот, со што и офцијално започнаа подготовките за натперварот со Грузија.

Македонија загуби убедливо на домашен терен од Грузијците во чуден меч во кој останавме без сила во последните 30 минути, па иако селекторот Милевски има големи проблеми при составувањето на тимот, добрата и позитивна атмосфера се одличен предуслов за подобро издание на гостински терен.

Македонскиот селектор нема да може да смета на дури осум играчи кои се редовен дел од репрезентацијата, воглавно поради повреди, но и поради проблемот за пронаоѓање клуб. Спировски и Николов го решија тоа прашање овие денови, додека Давид Бабунски и натаму е без нова дестинација, па тројцата ги пропуштаат овие натпревари со Грузија и Бугарија, исто како и повредените Тихомир Костадинов, Дарко Чурлинов, Стефан Ристовски, Валон Етеми и Ердон Даци.

Средбата во Тбилиси се игра во петок и планот е репрезентативците да одработат тренинзи во Скопје до среда, по што ќе се замине на гостувањето за да испроба тревникот во Тбилиси.

Три дена подоцна, на 26-ти септември, на националната арена во Скопје ќе гостува селекцијата на Бугарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни