Поврзете се со нас

Италија

Милан ја освои Верона и се зацврсти на второто место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан на најдобар можен начин го користи сериознот пад во формата на Јувентус, па тимот на Стефано Пиоли сега има три бода повеќе од „старата дама“.

Иако играат и европски фудбал и се пласираа во четвртфиналето во Лигата на Европа, „росонерите“ продолжуваат со добрите изданија и во домашното првенство, па попладнево го освоија теренот на Верона.

Фаворитот поведе со голот на Teo Ернандес кој претходно двапати се обидуваше да асистира во зачетокот на акцијата, а на стартот на вториот дел пристигна и втор гол од Пулишиќ.

Верона се врати во игра со погодокот на Нослин и се погрижи за понеизвесна завршница, но крај на сите дилеми стави Чукуезе со голот за 1:3 во 79-та минута.

Со оваа победа, Милан сега се зацврсти на второто место и има три бода повеќе од Јувентус, но што е уште поважно, тимот на Пиоли не знае за пораз на шест меча во низа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни