Поврзете се со нас

Евролига

Мициќ со личен рекорд му донесе победа на Анадолу Ефес

Објавено

на

Анадолу Ефес успеа да го победи Панатинаикос на гостински терен (77:80), а во отсуство на Шејн Ларкин, најзаслужен за победата беше српскиот интернационалец Василије Мициќ.

Домаќините на полувреме водеа со 40:36, но следуваше фуриозен трет период на турскиот тим, по кој Анадолу Ефес имаше солидна предност во решавачките десет минути.

Панатинаикос успеа да стигне на минус два во самиот финиш, но немаше време за пресврт, па гостите стигнаа до важна победа со резултат 77:80.

Мициќ го заврши натпреварот со дури 33 поени што е негов личен рекорд во Евролигата, додека кај Панатинаикос, Мек реализирал 18 поени.

Претходно, Реал Мадрид ја совлада Црвена Звезда во Белград со 73:67, а во меѓувреме до победи стигнаа и Баерн Минхен (90:79 против Валенсија) и Зенит (53:66 против Асвел).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни