Светски првенства
Меси потврди: Финалето ќе биде мој последен меч на СП
Лионел Меси одново одигра важна улога во победата над Аргентина и тоа над селекцијата на Хрватска која беше совладана со 3-0.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен даде гол и запиша асистенција, односно заедно со Хулијан Алварез ги одведоа „гаучосите“ во финалето на Светското првенство кое е закажано за в недела. Меси со својата вчерашна партија и се што направи на шампионатот собори неколку рекорди, влезе во историјата со тоа што идеално би било со пехар да ја заокружи оваа приказна.
Ветеранот воедно обелодени дека финалето ќе биде негов последен натпревар кога се во прашање СП.
-Многу сум среќен што патувањето на светските првенства го завршив во финале, што ќе го одиграм последниот натпревар во финале. Тоа е навистина многу радосно. Сè што живеев на ова Светско првенство беше емотивно, гледајќи колку уживаше во Аргентина. Има многу години од оваа до следниот шампионат. Мислам дека нема да можам да го направам тоа. Да се заврши на овој начин е брилијантно, -рече Меси и додаде:
-Ќе дадеме се од себе, како што правевме до сега, за овој пат навистина да се случи – ние навистина да победиме. Уживам во последните неколку години кога сум со репрезентацијата. Навистина уживам во сето она што ни се случува. Да се дојде до пехарот на Копа Америка, да се стигне до Светското првенство со 36 натпревари без пораз и да се заврши целата таа траекторија во финале е едноставно неверојатно. Се надевам дека луѓето во Аргентина уживаат во тоа што го правиме. Тие не треба да се сомневаат дека даваме апсолутно сè, -заклучи првата ѕвезда на двократниот светски шампион.
-
Лига на шампионипред 9 часа
Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!
-
Светпред 23 часа
Лаутаро за Меси: Тој како да игра друг спорт, прави работи…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола има одлучено кој клуб ќе го води наредната сезона
-
Англијапред 24 часа
Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)
-
НБАпред 14 часа
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Шпански новинар се „камуфлираше“ на пресот на Луис Енрике, одговорот кој го даде Лучо стана вирален (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Бројките не лажат: Ова е најлошиот Јунајтед во историјата на Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 14 часа
Карагер му пресуди на најтрофејниот играч во Јунајтед: Време е да оди во МЛС или Саудиска Арабија!