Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес се погрижи за предвидливи квалификации, 92. пол-позиција за Хамилтон

Објавено

на

Возачите на Мерцедес без проблеми си ги обезбедија местата во првиот ред за утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Шпанија, со што продолжи доминацијата на германскиот тим во квалификациските денови.

Овој пат најдобро време обезбеди Луис Хамилтон, откако Валтери Ботас во последниот летечки круг не успеа да го подобри времето на Британецот, а зад нив ќе стартуваат Макс Ферстапен и Серхио Перез.

За актуелниот светски шампион ова е 92. пол-позиција и 150. старт од првиот ред во кариерата.

Нема големи промени и во однос на перформансите на Ферари, откако Себастијан Фетел уште еднаш не влезе во третата квалификациска сесија и ќе започне од 11. место, додека Шарл Леклер се најде на 9. позиција.

Зад водечката четворка, во Топ 10 се најдоа и Строл, Албон, Саинц, Норис и Гасли кој е десетти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни