Поврзете се со нас

Италија

Менторот на Алегри: Без уште четири засилувања, Јувентус нема шанси за скудетото

Објавено

на

Макс Алегри ќе го води Јувентус и втора сезона по ред во својот втор престој во Торино, а медиумите често го користат неговиот ментор и пријател, Џовани Галеоне како валиден извор за случувањата во клубот и ставовите на тренерот.

Во последното интервју за „Газета дело Спорт“, Галеоне отворено зборувал за преодниот рок и амбициите на Јувентус во новата сезона.

– На Јувентус му се потребни уште четири засилувања, инаку ќе биде чудо ако е конкурентен во однос на освојувањето на трофеите и настапите во Лигата на шампионите. Ова посебно по повредата на Погба, – рекол Галеоне во изјава дадена пред Јувентус да го официјализира пристигнувањето на Филип Костиќ.

– Костиќ нема да биде доволен, потребен е играч од средниот ред и не Фратези. Паредес е добра опција, бидејќи Локатели не е „региста“, Костиќ може да помогне во 4-4-2 формација, бидејќи е подобар и од Сандро.

– Макс не случајно го посакува Мората назад во тимот, во последниот разговор го прашав зошто Гвардиола и Конте бараат конкретни фудбалери, а ти не го правиш тоа? Муриел и Депај се поразличен тип играчи од Мората, – вели Галеоне.

Добриот пријател на Алегри има забелешки и за одбраната.

– Оваа година тандемот требаше да биде Де Лихт-Кулибали, Бонучи е постар и немаше да биде тоа што е без Кјелини и Барѕалји. На Јувентус му е потребен Пау Торес, Бремер никогаш не играл лево и видете што се случи на дуелот со Атлетико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни