Поврзете се со нас

Атлетика

Меклафлин го собори светскиот рекорд на 400 м. со пречки: Допрва ќе го процесирам резултатот (Видео)

Објавено

на

Американката Сидни Меклафлин го собори светскиот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, освојувајќи го олимпиското злато во Токио на најпосакуван начин.

Меклафлин ја истрча делницата за 51,46 секунди, што е за половина секунда подобро време од нејзиниот досегашен светски рекорд поставен во јуни.

Мотивирана и од најголемата ривалка Далила Мухамад, Меклафлин постигна сензационално време и успеа да ја задржи зад себе досегашната олимписка шампионка Мухамад кој мора да се задоволи само со сребрен медал иако и самата истрча побрзо од досегашниот светски рекорд.

– Уште не ми влегува во глава информацијата за светскиот рекорд. Сигурна сум дека дополнително ќе ја испроцесирам информацијата и добро ќе прославам, – изјавила Меклафлин по триумфалната трка во Токио.

Олимписката бронза и припана на Фемке Бол од Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни