Поврзете се со нас

Англија

Мегваер: Можам да се справам со навредите на навивачите

Објавено

на

Англискиот репрезентативец, Хари Мегваер смета дека може успешно да се справи со критиките поради неговите игри во Манчестер Јунајтед и националниот тим.

Хари веќе некое време добива третман што ниту еден човек, фудбалер не го посакува, ама тој е подготвен да ја мине и оваа „бура“.

-Поминав низ многу во последните неколку години. Бев капитен на Манчестер Јунајтед скоро четири години. Тоа е огромна одговорност и се што доаѓа со неа. Во тоа има многу добро и лошо.

-Ваквите работи го симнуваат притисокот од моите соиграчи, а целиот товар е на мене. Затоа играат подобро. Не можам да се пожалам на шкотските навивачи, но се е до третманот што го добивам во последно време. Знаевме дека навивачите на Шкотска ќе бидат непријателски настроени кон нас, бидејќи видовме како не ја почитуваат националната химна. Не се грижите, можам да се носам со навредите, -истакна стоперот кој сака да му помогне на Манчестер Јунајтед иако не е во прв план кај тренерот Ерик Тен Хаг.

-Сакам да играм за Јунајтед. Менаџерот Ерик тен Хаг одлучи да не играм. Сепак, имаме уште многу натпревари пред нас и сигурен сум дека ќе играм, заклучи дефанзивецот кој летово го одби Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни