Поврзете се со нас

АТП

Медведев победи, па се согласи со Алкарас: Ова е смешно

Објавено

на

Данил Медведев играше три сета, но го потврди статусот на фаворит во дуелот со Иго Умбер на турнирот во Пекинг.

Рускиот ас славеше со 6:4, 3:6, 6:1, меѓутоа и покрај позитивниот резултат беше незадоволен од една работа, топките со кои се играат натпреварите.

-Целиот меч беше полн со подеми и падови. Овие топки се смешни на тврда подлога. Во третиот сет останав без сервис и победив со 6:1. Не е нормално, но вака играме цела година. Па во ред, -рече Данил.

Претходно и Карлос Алкарас зборуваше на оваа тема што значи дека дефиниитвно постои некој проблем.

-Забележав промена од првиот тренинг овде во Пекинг. Тешко е, но тенисерите мора да се навикнат. Тие ги менуваат топките на секој турнир или речиси на секој тие се различни топки. Мораме да се навикнеме. Поинакво е чувството кога доаѓаш на турнир и се прашуваш какви ќе бидат топките? Мислам дека тоа е прашање што си го поставува секој играч. Овде во Кина, по гејм или два се менуваат, стануваат различни, -рече Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни