Поврзете се со нас

Франција

Мбапе му испрати порака на отпуштениот Тухел

Објавено

на

Отказот на Томас Тухел од францускиот првак ПСЖ не е големо изненадување ако се знае дека германскиот тренер имаше недоразбирања со раководството на клубот, а францускиот првак допрва ќе го бара неговиот наследник.

Тухел доби „божиќна честитка“ и покрај победата над Стразбур, а ПСЖ во моментов е на третото место во француското првенство, факт кој само им ја олесни на работата на неговите претпоставени во однос на одлуката за отпуштање.

Вечерва, Тухел доби порака од Килијан Мбапе, кој преку Инстаграм стори реши да му се заблагодари на тренерот со кој стигна и до финалето на Лигата на шампионите.

– За жал такви се „законите“ на фудбалот, но никој нема да го заборави твојот престој во клубот.

– Испиша успешни страници во клупската историја и затоа благодарам, – напишал Мбапе, кој дополнително им се заблагодари и на асистентите на Тухел кои заминуваат заедно со него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни