Поврзете се со нас

Франција

Мбапе ја предупредува Барселона: Не планирам да се кријам…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ вчера одигра само 1:1 против Клермон и немаше баш добро загревање за четвртфиналето против Барселона, но Килијан Мбапе не беше загрижен од остварениот резултат, особено поради тоа што Луис Енрике одмораше доста играчи.

Самиот Мбапе влезе како резерва и ги одигра последните 20-тина минути, но тоа беше доволно за да запише асистенција и да му помогне на Гонсало Рамос да ги постави конечните 1:1.

Напаѓачот е убеден дека тимот ќе покажа далеку поразлична слика и целосно друг интензитет против Барселона во среда, кога „светците“ ќе се обидат да создадат предност пред реваншот на „Камп Ноу“.

– Сега следи моментот кога до израз треба да дојдат големите играчи. Подготвен сум за мечот со Барселона и не планирам да се крјам, – изјави Мбапе кој постигна хет-трик на дуелот против Барселона на „Камп Ноу“ во сезоната 2020-2021.

– Најважна е динамиката на тимот, сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и дека ќе оставиме се на теренот. Резултатот од натпреварот го знае само Бог. Влеговме во клучниот дел од сезоната и на крајот на месец април ќе можеше да извлекуваме заклучоци за оваа кампања во Париз, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни