Поврзете се со нас

Франција

Мбапе директно за неговата иднина: Има нови елементи, само сакам…

Објавено

на

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе испрати искрена и директна порака кога е во прашање неговата иднина.

Тој има договор со „светците“ до крајот на месец јуни, па добар дел од медиумите, јавноста веќе ставија крај на неговата приказна со ПСЖ или поточно го преселија во таборот на шпанскиот великан Реал Мадрид, тим кој неколку години се обидува да го донесе со тоа што најконкретен беше минатото лето кога беа одбиени неколку богати понуди од страна на лидерот во Лига 1.

Меѓутоа Мбапе по се изгледа нема донесено никаква конечна одлука, се уште размислува за наредниот потег, а една од опциите и да остане на „Паркот на принцовите“.

-Ако имав донесено одлука ќе ја соопштев. Не мора никому да му одговарам. Да ја донесов одлуката, ќе преземев одговорност. Добрите и лошите работи, патем отсекогаш сум ги претпоставувал. Не морам да се кријам, никого не сум убил. Само сакам да ја донесам најдобрата одлука што можам.

-Сè уште размислувам за тоа. Затоа што има нови елементи, нови параметри. Сакам да го направам вистинскиот избор. Знам дека за луѓето ова трае подолго време, -рече Килијан и додаде:

-Дали е можно останување во ПСЖ? Да, секако, -порача напаѓачот кој против Лориент даде два гола и запиша три асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни