Поврзете се со нас

Германија

Матеус за интересот на Баерн за Де Лихт: Нели клубот немаше пари?

Објавено

на

Лотар Матеус речиси секојдневно ги коментира случувањата поврзани со Баерн Минхен, а сега актуелна тема во преодниот рок е и интересот на Баварците за Матијс де Лихт.

Германската легенда е изненадена од ваквите шпекулации, затоа што изминатиот период Баерн тврдеше дека има намалени приходи поради негативните ефекти на пандемијата.

– Се чудам од каде би ја нашле оваа сума, нели клубот немаше пари?

– Се зборуваше дека намалените приходи од тв правата се причина што не беше најден заеднички јазик за продолжување на соработката со Левандовски, а ситуацијата со Гнабри уште не е јасна.

– Одеднаш го доведоа Мане за 41 милион евра, дојде и Лајнер за кого сигурно се платени барем 20 милиони евра и наводно се преговара за Де Лихт кој чини околу 70 милиони евра, – вели зачудениот Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни