Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Матеус направи целосна анализа и ги издвои фаворитите за полуфинале во ЛШ, но не заборави да го „поздрави“ и Левандовски

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус како аналитичар за германски „Скај“ постојано дава коментари за случувањата во Бундеслигата, а откако оваа сезона за неговиот Баерн Минхен е завршена во домашното првенство, верува дека тимот на Томас Тухел може да оди во самата завршница во Лигата на шампионите.

Матеус го отпиша Баерн од битката со Леверкузен во Бундеслигата и верува дека сите сили ќе бидат насочени кон добри партии во Европа, каде баварците ќе имаат последна шанса да ја завршат сезоната со освоен трофеј.

Давајќи изјава за угледниот „Билд“, Матеус направи анализа на сите четири четвртфиналиња во Лигата на шампионите, па даде и свој тип за тоа кои екипи ќе се најдат во полуфиналето.

– Сметам дека ПСЖ е фаворит против Барселона. Цел Париз сонува за Лигата на шампионите, а Мбапе има шанса да се избори за своја статуа во престолнината. Сметам дека е подбро за тимот што има само една вистинска ѕвезда, а не толку како порано, – вели Матеус, кој не пропушти да го „поздрави“ Левандовски.

– Исто така, Левандовски не брилјира во Барселона какошто тоа го правеше во Баерн. Сите знаеме дека си оди и тренерот Чави и тоа е нешто што сигурно ќе влијае во корист на ПСЖ.

– Борусија Дортмунд заврши прва во групата со ПСЖ и Милан. Затоа сметам дека Борусија има добри шанси за полуфинале против Атлетико Мадрид, иако на хартија е 50-50. Знаеме дека Атлетико е агресивен тим, ги користат сите трикови за да победат, но Терзиќ ќе го подготви својот тим за тоа. И посакувам на Борусија се најдобро и пласман во полуфиналето.

– Баерн за противник ќе го има Арсенал. Арсенал не е само Хаверц кој во последно време дава важни голови. Тие се добар тим, технички поткован и многу се брзи. Артета е нивни лидер, ученик на Гвардиола. За Баерн ќе биде важно да остане сплотен, да одговори паметно на брзите играчи на противникот и да не дозволи топки на брзите крила. Сепак, Баерн има многу поквалитетни играчи и тие ќе одат понатаму во полуфинале.

– Во последното четвртфинале ќе ги гледаме актуелниот шампион против рекордерот во Европа. Анчелоти против Гвардиола, тоа беше финалето кое сите го замислуваа. Победникот ќе игра против Баерн во полуфиналето, а овие три клуба за мене се главни фаворити за трофејот. Сметам дека Сити има мала предност пред Реал, но ќе биде многу блиску. Ако се прашувам јас, би сакал Баерн да игра против Реал во полуфиналето, сметам дека тоа е подобра опција, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни