Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Матеус: Баерн тешко ќе загуби од ваква Барселона

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус, е убеден дека германскиот првак е голем фаворит против Барселона и очекува триумф на Баварците во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Двата клуба имаат по пет трофеи во најелитното натпреварување, но Матеус смета дека овој пат може полесно да се претпостави епилогот на мечот во Лисабон.

– Секако дека Барселона има свои квалитети со кои може да му направи проблеми на противникот.

– Но, сметам дека Баерн мора да одигра многу лошо и да направи многу грешки за да загуби од ваква Барселона, – изјавила германската легенда.

Шпанскиот тим има послаби резултати во меѓусебниот дуел со Барселона, а евентуален неуспех на оваа средба, може да доведе и до отказ за тренерот Кике Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни