Поврзете се со нас

Свет

Мартинез му одбрани пенал на Мина, Меси бурно прослави: Ајде, танцувај сега (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Аргентина излезе како победник од натпреварот со Колумбија и закажа финале со Бразил на Копа Америка.

Возбудлив и неизвесен беше дуелот меѓу „гаучосите“ и „кафеторосите“, регуларниот дел донесе многу борба и по еден гол на двете страни кои беа дело на Мартинез во 7 и Диаз во 61 минута.

Со оглед на тоа што беше нерешено веднаш се пријде на изведување на удари од 11 метри, серија во која Аргентинците се покажаа како подобри и со 3-2 се пласираа во завршниот меч на турнирот.

Херој беше голманот Емилијано Мартинез кој одбрани три пенали меѓу кои и оној на Јери Мина. Стоперот шутираше во третата серија, а откако Емилијано го прочита бурна и искрена реакција имаше капитенот Лионел Меси.

-Ајде танцувај сега, танцувај сега, -викаше Меси алудирајќи на тоа дека Колумбиецот знае да прави провокации и да танцува кога ќе даде гол и при ваква серија како што беше на дуелот против Уругвај во четвртфиналето.

Ова го има само во Јужна Америка: Даде гол во пенал серијата, па почна да танцува (ВИДЕО)

Инаку Меси имаше многу дуели со Колумбијците кои не што штедеа на пресметката во Бразилија, односно средбата ја заврши со крвав зглоб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни