Поврзете се со нас

Мото ГП

Мартин направи голема грешка и му подари победа на Бањаја

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Со победата на спринт трката, Хорхе Мартин вчера првпат замина на еднодневна пауза како лидер во генералниот пласман во Мото ГП, но возачот кој е во најдобра форма денеска го направи првиот кикс во ситуација кога требаше да го одбрани првото место.

Шпанецот имаше брилијантен старт на трката во Индонезија, до првата кривина изби од шестото на првото место, па кога се чинеше дека ќе има доминантна трка од почеток до крај, следеше голем шок за него.

Мартин направи грешка во малерозниот 13-ти круг во ситуација кога имаше три секунди предност пред Маверик Вињалес, а со тоа автоматски му ја подари победата на најголемиот ривал за титулата.

Пеко Бањаја беше зад Вињалес во ситуација кога Мартин падна, а Италијанецот ги искористи околностите и успеа да го мине возачот на Априлија за победа и враќање на врвот во генералниот пласман.

Актуелниот шампион со овој подарок се враќа на првото место и сега има предност од 17 бода, но блискоста и формата на Мартин ветуваат жестока битка за титулата на последните пет трки.

Вињалес денеска мораше да се задоволи со второто место и покрај добрата трка, додека Фабио Квартараро изненади и со својата Јамаха се најде на пиедесталот како третопласиран. Меѓу првите 10 завршија уште Ди Џанантонио, Бецеки, Биндер, Милер, Бастијанини, Ринс и Еспаргаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни