Поврзете се со нас

Италија

Марота објасни зошто Интер влегол во Супер лигата и зошто проектот не успеа

Објавено

на

Бепе Марота ги коментирал случувањата со Супер лигата пред дуелот со Специја и како Извршен директор на Интер се обидел да објасни зошто неговиот клуб влегол во проектот.

Марота вели дека актуелниот систем е неодржлив и клубовите основачи барале долгорочно решение за да можат да ги реализираат амбициите.

– Иницијативата беше заедничка на сите 12 клубови и беше инспирирана од финансиските потешкотии кои ги имаат.

– Дури и за време на коронавирусот, трошоците останаа исти, а приходите се намалија. Актуелниот европски фудбалски модел е застарен, па затоа моравме да бараме друго решение. Во моментов го ризикуваме опстојувањето на овој систем, со платите кои се 65-70 проценти од трошоците, ниеден клуб нема да издржи.

– Супер лигата не се реализира поради одредени причини. Една од нив што веројатно беше потценета реакција на навивачите, а втората е премислувањето на англиските клубови, – изјавил Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни