Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез по новиот ужасен ден во Мото ГП: Ова е најтежок период во мојата кариера

Објавено

на

Марк Маркез едноставно не е истиот возач после серијата операции кои ги имаше на раката, а во прилог не му одат ниту слабите перформанси кои ги нуди неговата Хонда, мотоцикл со кој освои шест шампионски титули во Мото ГП.

Големиот шампион се мачи речиси секој викенд и минатата седмица имаше ужасни пет пада во Германија, поради кои не настапи на главната трка и беше доведено во прашање и неговото учество во Асен.

Маркез сепак се појави на холандското гран при и беше дел од саботната програма, која му донесе ново големо разочараување, бидејќи најпрво доживеа пад, а потоа заврши 17-ти на спринт трката.

– Ова е најтежок период во мојата кариера. Покрај повредата, се надоврзаа и лошите перформанси. Сепак, не смее да се мисли негативно, мора да гледаме напред и да продолжиме да работиме. Во тешките моменти мора да најдете мотивација и сила, да бидете пожртвувани и да ја пронајдете идеалната рутина.

– Ќе се обидеме да бидеме многу подобри во вториот дел од сезоната, мора напорно да работиме во паузата која следи. Силверстоун ќе биде мојата голема цел, се надевам дека таму ќе ставиме крај на лошата серија, – вели Маркез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни