Поврзете се со нас

Свет

Марк Гасол стави крај на богатата играчка кариера

Објавено

на

Марк Гасол веќе некое време беше кошаркарски неактивен и размислуваше кој ќе биде неговиот следен чекор, но на крајот предност му даде на својот приватен живот и семејството.

После цели две децении во професионалната кошарка, легендарниот Шпанец кој е брат на Пау Гасол става крај на својата кариера, а тоа го објави на доста достоинствен и мирен начин.

– Дојде моментот од кој ми беше многу страв. Време е да вратам за се она што ми го даде кошарката. Беше време да го направам тоа. Ако продолжев да играм, ќе го направев погрешното.

– Мислам дека е вистинско време да кажам крај и да се простам со кошарката. Имам желба да бидам подобар и попосветен татко, сопруг, син и пријател, – изјави Гасол.

Марк имаше блескава кариера и успеа да ја освои НБА лигата во 2019-та година, но многу поуспешен беше како репрезентативец бидејќи со Шпанија освои две Светски првенства, две Европски првенства и два сребрени медали на Олимписките игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни