Поврзете се со нас

Италија

„Марадона од Милан“ го има голот на сезоната во Серија А (Видео)

Објавено

на

Милан ја освои шампионската титула во Серија А благодарение на храброста и желбата за игра која ја прикажа во цела сезона, но особено во клучниот дел од кампањата кога многу прогнозираа дека „росонерите“ ќе попуштат и ќе загубат бодови.

Секој следен меч во последните пет кола беше посочен како потенцијална „замка“ за играчите на Пиоли, но тие одговорија на најдобар можен начин и победија на тешки натпревари против Лацио, Фиорентина, Верона, Аталанта и Сасуоло.

Младите играчи на Милан дојдоа до израз во овие рунди и постигнаа круцијални голови, но оној на Тео Ернандес од 37-то коло сега е избран за гол на сезоната.

Левиот бек на Милан изрежира магија во стилот на легендарниот Диего Марадона и го претрча речиси цел терен противи грачите на Аталанта, пред да го матира голманот и да ја потврди победата од 2:0.

Сензационалниот дефанзивец со офанзивни карактеристики во оваа акција ја презентираше сета доминација во дуелите еден на еден и потврди дека е убедливо најдобар бек во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни