Поврзете се со нас

Италија

Мањан не дозволи Салах да реализира пенал, Милан направи пресврт (Видео)

Објавено

на

Милан можеше многу брзо да има голема негатива на „Енфилд“, но голманот Мик Мањан успеа да го одбрани пеналот на Мохамед Салах и да го спречи и вториот обид за реализација во истата акција.

Ливерпул доби пенал во ситуација кога водеше со 1:0, а Салах иако биеше силно, не го совлада францускиот голман кој со одлична интервенција спречи зголемување на предноста на домаќините.

На одбиената топка натрча Диего Жота и се обиде со глава да го совлада голманот на Милан, но Мањан уште еднаш беше сигурен и ги задржа „росонерите“ на минимална негатива.

Промашувањето ги чинеше скапо домашните фудбалери, бидејќи пред крајот на полувремето најпрвин Ребиќ израмни во 42. минута, за две минути подоцна Диаз да направи целосен пресврт за водство на Милан од 1:2 на полувреме.

Голот за водство го постигна Александер-Арнолд, односно е запишан како автогол на Томори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни