Поврзете се со нас

Германија

Мане џентлменски го истакна фудбалерот кој треба да ја освои „Златната топка“

Објавено

на

Секое издание на „Златната топка“ носи традиционална дебата за фудбалерот кој најмногу го заслужува признанието, а Садио Мане скромно вели дека годинава тој не е сериозен кандидат.

Членот на Баерн Минхен зборувал за главниот фаворит и го очекувано го истакнал Карим Бензема.

– Најискрено кажано, мислам дека Карим најмногу ја заслужи наградата.

– Имаше фантастична сезона со Реал и ја освои Лигата на шампионите. Мислам дека заслужува да биде прогласен за најдобар и се радувам за него.

– Точно е дека јас стигнав до трофејот на Африканскиот куп на нации, тоа е навистина голем успех за мене, соиграчите и мојата земја, но „Златната топка“ треба да заврши кај Бензема, – изјавил Мане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни