Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем ја започнаа новата сезона со рутинска победа

Објавено

на

Шампионот Веспрем стартуваше победнички во новата сезона на унгарското ракометно првенство, совладувајќи го тимот на Будакалаш со резултат 35:24.

Дејан Манасков и неговите соиграчи на полувреме водеа со 16:12, а во вториот дел дополнително ја зголемија предноста против аутсајдерот.

Македонскиот репрезентативец постигнал 3 гола на својот прв натпревар во новата сезона.

Најефикасни во редовите на Веспрем биле Јахија со 8 и Нилсон со 7 голови, додека Маргуч реализирал 5 пати.

Унгарскиот тим во недела ќе игра пријателски натпревар со Кил, за на 2. септемви да се соочи со Чургои во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни