Поврзете се со нас

Италија

Малдини испиша историја со првиот гол, резервистот Диаз донесе победа за Милан (Видео)

Објавено

на

Милан ги освои трите бода на гостувањето кај Специја, а натпреварот ќе биде запаметен и по првиот гол на Даниеле Малдини.

Даниеле денеска првпат беше стартер во редовите на Милан, со што ја продолжи традицијата на своите татко и дедо, Паоло и Чезаре, а го постигна и првиот гол во дресот на „росонерите“.

Малдини погоди со глава по нафрлувањето на Калулу во 48. минута, а таа предност гостите ја имаа до завршницата.

Резервистот Верде донесе израмнување за домаќините во 80. минута, но и Милан профитираше од еден од своите резервни фудбалери.

Брахим Диаз погоди во 87. минута, пет минути откако влезе во игра и ги постави конечните 1:2 на оваа средба.

Милан барем привремено е лидер во Серија А со 16 бодови или еден повеќе од Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни