Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските девојки го декласираа Косово, но останаа без полуфинале на ЕХФ шампионатот

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години вечерва го заврши ЕХФ шампионатот во Скопје со преубедлива победа над Косово, но за жал истата не беше доволна за пласман во полуфиналето на турнирот.

Билансот од две победи, едно реми и еден пораз не ни обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции, а како пресуден се покажа вчерашниот неуспех во дуелот со Холандија кој го загубивме на доста несреќен начин.

Макдонските јуниорки вечерва не му дадоа никаква шанса на Косово и ја покажаа разликата во квалитет со уверливи 33:16, но овој триумф ни го загарантира само третото место во групата Б, откако претходно стана јасно дека немаме никакви шанси за полуфинале.

Фарски Острови оствари победа над Холандија од 29:22, а токму овие две селекции како првопласирани обезбедија место во завршната фаза на ЕХФ шампионатот.

Андреа Седлоска беше најефикасна во тимот на Љубомир Савевски со осум постигнати гола, додека по четири реализации имаа Младеновска, Јанкуловска и Ризовска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни