Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Македонската делегација подготвена за Медитеранските игри: Одиме по злато и над десет медали

Објавено

на

По повод Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир од 25-ти јуни до 5-ти јули, македонската делегација денеска одржа прес-конфернција на која пристуствуваа најважните претставници, на која беше јасно нагласено дека за Оран се заминува со поголеми амбиции од оние во Тарагона каде се играше последното вакво натпреварување.

Владимир Богоевски како спортски директор на Олимпискиот комитет прв имаше збор и образложи со какви очекувања се патува на Медитеранските игри, кои тој ги посочи како добра шанса за македонските спортисти да ги измерат силите со најдобрите од други земји.

– Олимписките игри се на прво место, но Медитеранските игри се вид на натпреварувања на кои голем број наши спортисти имаат шанса да ги измерат силите со други натпреварувачи од големи држави. Во нормални услови тие би немале таква можност и затоа Медитеранските игри за нас во Македонија се многу важни, – изјави Владимир Богоевски кој откри дека македонската делегација ќе брои 114 лица, од кои 77 ќе бидат натпреварувачи.

Македонските учесници ќе се натпреваруваат во 10 спортови (ракомет, одбојка, такевондо, џудо, карате, борење, пливање, атлетика, мечување и стрелаштво), а со најголеми амбиции патува сребрениот од Олимписките игри, таеквондистот Дејан Георгиевски.

– Ова ќе бидат втори Медитерански игри за мене, на минатите го освоив среброто во Шпанија. Сега одам по златото. Ние сме во одлична форма, се подготувваме четири-пет месеци за ова и се надевам дека таму ќе донесеме повеќе медали, не само од таеквондо, туку и во другите спортови. Минатиот пат освоивме шест медали, сега се надевам на повеќе, се надевам над десет. Ги поздравувам сите учесници и им посакувам многу среќа, – изјави Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни