Поврзете се со нас

Одбојка

Македонија немоќна против Чешка, во осминафиналето во Бари не чека светскиот шампион

Објавено

на

Foto:facebook.com/volleyballmkd

Никола Ѓоргиев недоволно подготвен се стави на располагање на репрезентацијата и играше на денешниот меч против Чешка, но сепак тоа не беше доволно за трета победа во групната фаза.

Македонија вечерва загуби од Чесите на последниот меч во Скопје и со биланс од две победи и три порази патува во осминафиналето, меѓутоа во Бари ќе има најтежок можен испит.

Избраниците на Јошко Миленкоски ќе играат против актуелниот светски шампион Италија кој беше недопирлив во својата група, па токму поради тоа победа над Чешка беше голем императив за нашиот тим.

За жал, до такво нешто не дојде, бидејќи ривалот беше подобар во трите сета и со максимални 3:0 заврши како трет во групата која се играше во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Најизрамнет беше вториот сет во кој Чешка славеше со 25:23, додека во првиот и третиот беше поубедлива со 25:21 и 25:17.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни