Поврзете се со нас

Македонија

Македонија меѓу земјите со најголем раст на интернационалци во споредба со 2017 година

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ги постигна своите најголеми успеси изминативе неколку години, а добрата промоција на меѓународно ниво обезбеди и поголем „извоз“ на фудбалери на меѓународно ниво.

Според официјалните податоци на „ЦИЕС“ и најновата анализа за бројот на интернационалци по земја, Македонија е на 42. место на глобално ниво, со 92 фудбалери кои играат надвор од својата татковина.

Анализата прави споредба со 2017 година и според истата, Македонија пет години подоцна има за 53% повеќе интернационалци.

Македонија има свои претставници во 27 од 88 земји кои се влезени во истражувањето, а најмногу во Албанија (23), Словачка (9) и Унгарија (7).

Очекувано, земја со најголем број интернационалци е Бразил (1219), а зад него се Франција (978) и Аргентина (815).

Најголем пораст на интернационалци во однос на 2017 година имаат Франција (+208), Холандија (137) и Колумбија (124).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни