Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мајсторијата на Радивојевиќ меѓу најубавите голови на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: Eurofarm Pelister

Тимот на Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди бодови и во десеттиот меч во групната фаза во Лигата на шампионите, поточно овојпат подобар од нив беше составот на Загреб кој славеше во Битола со 23-22.

Пелистерци и од овој меч може да извлечат позитивни и негативни работи, но она што е сигурно е дека имаат едно признание од медиа тимот на ЕХФ кое се однесува на Топ 5 листата на најубави голови на колото.

Магијата на десното крило Богдан Радивојевиќ се најде на четвртото место, листа на која има уште место за Пранди, Дамке, Шоштариќ и Ричардсон. ТУКА можете да ги погледнете сите погодоци.

Кога се во прашање одбраните, број еден е голманот на Загреб, Матеј Мандиќ со двојната интервенција против македонскиот првак.

Овде можете да ги погледнете овие мајстории.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни