Поврзете се со нас

Боречки спортови

Махачев со брутален удар го нокаутираше Волкановски во првата рунда (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ufc

Александар Волкановски ги издржа сите пет рунди во првата борба против Ислам Махачев и загуби по контроверзни судиски одлуки во Перт, но денеска нема да има ниту една дамка на победата која ја оствари актуелниот шампион во лесна категорија.

Русинот покажа дека е апсолутен владетел во својата категорија, откако успеа да го нокаутира борецот со македонско потекло уште во првата рунда. Махачев тргна фуризно и во целосна офанзива уште од првата минута, а веќе во третата борбата беше готова кога Махачев зададе тежок удар со левата нога.

Волкановски сериозно беше потресен од ударот кој го доби во глава, но потоа доби уште неколку додека беше на земја и судијата мораше да ја прекине борбата која сите ја очекуваа со нетрпение.

Наместо спектакл во Абу Даби, борбата заврши навистина брзо, а дефинитивно причина за тоа е недоволно долгата подготовка на Волкановски кој инцидентно се уфрли во УФЦ 294.

Александар Велики ослабна 12 килограми за 11 дена со цел да биде подготвен за борбата, но денеска не беше негов ден и мораше да му честита на својот ривал кој е голем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни