Поврзете се со нас

Свет

Магдебург ја изненади Барселона за прв трофеј на Супер Глоуб

Објавено

на

Бундеслигашот Магдебург го изненади европскиот првак Барселона и стигна до победа на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија (33:28).

Соочувањето на победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа донесе триумф за германската екипа, која игра во одлична форма сезонава и е на врвот и во домашното првенство.

Магдебург го најави првиот свој трофеј на Супер Глоуб уште во првиот дел во кој водеше со 19:16, а по паузата ја зголеми предноста за да стигне до убедлив триумф над петкратниот освојувач Барселона со 33:28.

Магнусон со 7, односно Вебер и Мертенс со по 5 голови беа најефикасни во редовите на победникот, а во Барселона најрасположен во нападот беше Мем со 10 погодоци.

Претходно, во борбата за третото место, Алборг го победи бразилски Пињеирос со 34:29.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни