Поврзете се со нас

Боречки спортови

Луис го откажа противникот за 30 секунди, па ја прослави УФЦ победата на невообичаен начин (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

Дерик Луис уште од првата секунда жестоко го нападна својот противник Маркос Рожерио де Лима и заслужено стигна до експресна победа во еден од воведните борби на УФЦ 291 ивентот.

„Летечкото колено“ го најави епилогот, а следните дваесетина секунди Луис испорача уште многу удари во гардот, но и во телото и главата на Де Лима, по што судијата ја прекина борбата.

Американецот им се врати на победите, откако претходно врза три порази, стана и УФЦ рекордер со 14 нокаути, па на крајот не ги криеше емоциите.

Покрај традиционалниот начин на прослава на победите, Луис направи неочекуван потег, соблекувајќи ги шорцевите, по што и отпоздравуваше на публиката само во долна облека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни