Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Имавме среќа што ни се падна Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Вчерашното извлекување во седиштетот на УЕФА ги спои Барселона и ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, двомеч кој дефинитивно ќе биде посебен за Луис Енрике.

Лучо својата играчка и тренерска кариера ја изгради на „Камп Ноу“ и има само добри спомени од каталонскиот гигант, но сега ги брани боите на ПСЖ и ќе има за цел да го разочара својот поранешен фудбалер Чави Ернандес.

Говорејќи за двете пресметки кои ќе се играат во месец април, Луис Енрике посочи дека е среќен што повторно ќе се врати во Шпанија како во двомечот со Реал Сосиедад, со напомена дека сега се враќа во својот втор дом.

– Имавме среќа што ни се падна Барселона. Го велам ова бидејќи повторно се враќаме во Шпанија, јас ќе се вратам во Барселона, градот кој одбележа голем дел од мојата кариера. Секогаш ми е добро кога се враќам таму и тоа е најдобрата вест од овој двомеч за мене.

– Знаевме дека нема да добиеме лесен противник во четвртфиналето, сите играат на највисоко ниво. На еден дел од ждребот сме ние, Барселона, Атлетико и Борусија Дортмунд. Сите четири тима ќе сакаат да се докажат и да стигнат најдалеку. Сепак, според мене главните фаворите се на другата страна, ждребот се подели на два дела. На другата страна се главните фаворити за титулата и сега е многу тешко да се предвиди кој ќе стигне најдалеку. Ќе биде навистина интересно, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни