Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике го извади Мбапе на полувреме, напаѓачот се смееше и заврши на трибините (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Луис Енрике минатиот викенд најави дека во иднина ќе се гледаа се почести епизоди во кои Килијан Мбапе ќе добива помала минутажа во ПСЖ, а мора да се признае дека Шпанецот навистина се придржува до овој план.

Откако на мечот со Рен го извади во 65-та минута, на вчерашното гостување во Монако го повлече од игра уште на полувреме, па тоа секако предизвика далеку поголемо внимание, отколку случувањата на теренот и конечниот резултат.

Француското дерби разочара во целост бидејќи мечот заврши 0:0, но Мбапе се најде во прв план поради одлуката на тренерот, но и однесувањето по измената.

Мбапе не беше ниту приближно нервозен и револтиран и беше уловен како се смешка додека се враќа на теренот, но наместо да го догледа мечот од клупата со соиграчите, тој замина на трибините.

Камерите неколкупати го уловија како се смешка и на  трибината, каде друштво му правеа неговата мајка и најблиските соработници кои треба да го комплетираат преминот во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни