Мото ГП
Луда сцена во Мото ГП: Еспаргаро збесна и му зададе удар на Морбидели во кацигата (Видео)

Сезоната во Мото ГП е на добар пат да добие најдраматична можна завршница, особено откако Хорхе Мартин славеше на денешниот спринт во Катар и се приближи на само минус седум од Пеко Бањаја.
Возачот на Прамак Дукати го освои првото место пред утрешната главна трка и освои бодови кои гарантираат едно нешто, а тоа е дека новиот шампион ќе го дознаеме на последната трка во Валенсија.
Без разлика на утрешниот епилог, завршната епизода во Валенсија ќе одлучи кој ќе биде најдобар на крајот од сезоната, но покрај возбудувањата за највисок пласман, денеска во Катар интересна беше и една необична сцена за време на тренинзите.
Алеиш Еспаргаро важи за мотоциклист кој често знае да се буни за одредени случувања на патеката, но денеска ја премина границата на дозволеното по малиот контакт кој го имаше со Франко Морбидели.
Шпанецот беше бесен од еден потег на Италијанецот, но сосема нелогично реши да ја дели правдата на свој начин и му додели удар на Морбидели во кацигата. Поради овој непотребен потег, Мото ГП го казни Еспаргаро со шест стартни места на утрешната трка.
Tempers flared between @AleixEspargaro and @FrankyMorbido12 in FP2 earlier on! 😱
The Spaniard has been fined and handed a 6-place grid penalty for Sunday's race ⚠️#QatarGP 🇶🇦 pic.twitter.com/0wOq1emo6x
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 18, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари