Поврзете се со нас

Италија

Лоши вести од Италија, Иличиќ повторно се мачи со депресијата: Не ми е лесно да зборувам

Објавено

на

Лоши вести поврзани со фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ стигнуваат од Апенинскиот полуостров.

Словенечкиот репрезентативец повторно е надвор од тимот поради психичките проблеми кои го мачеа и претходно и го оддалечија од терените извесен период.

Иличиќ и во 2020 година патеше од депресија по што мораше да пропушти поголем дел од сезоната и не играше во дресот на Аталанта.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не сакаше многу да открива на оваа тема, само потврди дека Иличиќ ќе го нема извсен период.

– Не ми е лесно да зборувам за вакви ситуации затоа што се доста лични. Секогаш сме биле и ќе бидеме покрај него. На секого во глава му се вртат разни мисли.

– Ни останува да се надеваме дека наскоро ќе се избори и ќе се врати во тимот. Постојат ситуации во животот кои се над фудбалот, -изјави Гасперини по вчерашниот натпревар со Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни