Поврзете се со нас

Италија

Липи обелодени кој италијански тим најмногу го импресионира и ја зачуди јавноста

Објавено

на

Марчело Липи посочи дека Баерн Минхен и Манчестер Сити се главни фаворити за титулата во Лигата на шампионите, но искусниот стручњак се осврна и за неизвесната борба која ја има во Серија А, што е голема новост со оглед на доминацијата која ја имаше Јувентус во последните девет години.

И покрај тоа што заостанува осум бода, Липи и натаму смета дека Јуве е во трка за титулата, но посебно изненади со коментарот кој го даде за тимот кој посебно го возбудува и импресионира во Серија А.

Сосема неочекувано, Липи ја изненади јавноста со својата констатација, нагласувајќи дека Специја игра најубав и најтарактивен фудбал во италијанската Калчо лига.

– Јувентус се уште го бара својот идентитет, но и натаму е тука. Милан е во трката, тие се на еден бод од Интер. Милан ги поправи своите проблеми од минатото, сега има длабочина во тимот и има поголема самодоверба.

– Сепак, не бев изненаден од нивниот последен пораз. Тимот на Винченцо Италијано го игра најубавиот и најдобриот фудбал во Италија. Тој ја заслужување секоја пофалба. Специја е брз и агресивен тим, најмногу сакам да ја гледам Специја, уживам во нивната игра, – открива Липи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни